100 жртви при владините воздушните напади во Сирија

Бројот на жртвите од воздушните напади на сириската Влада врз градот кој е под конторла на бунтовниците во близина на Дамск, денеска достигна 100. Хуманитарниот шеф на Обединетите Нации беше ужаснат од нападите и апелираше цивилите да бидат заштитени. Серијата напади на 16 август во градот Дума, беа едни од најкрвавите на режимот во четиригодишната војна во Сирија. Воздушните напади доаѓаат точно две години по ужасните напади со хемиско оружје на истиот регион, за кои голем дел од меѓународната заедница го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Лидерот на Националната коалиција на сириската опозиција Халид Хоџа, нападите ги нарече „масакр“ и вети дека „нема да поминат неказнето.“ Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Сирија соопшти дека се повредени 250 луѓе.