Русија планира да ја прошири продажбата на оружје за Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ планира да ја прошири продажбата на оружје за Иран, откако ќе запрат меѓународните санкции против Техеран, според меѓународниот договор постигнат меѓу Иран и шесте светски сили. Ваквите изјави на Лавров следуваа по денешните разговори во Москва со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф. Руските медиуми известуваат дека двајцата министри разговарале за можна испорака на земја-воздух проектилите С-300 од Русија за Иран и нови договори за изградба на нуклеарни централи во Иран. Лавров и Зариф исто така разговарале за нивната заедничка иницијатива за постигнување на дипломатско решение за ставање крај на граѓанскта војна во Сирија, потврдувајќи дека и двајцта ги отфрлаат повиците сирискиот претседател Башар ал-Асад да се повлече од власта. САД, Европската унија, арапските земји од Заливот и опозицијата во Сирија отфрлаат мировен план кој овозможува Асад да остане на власт.