Македонија чека на глобален одговор за мигрантите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Чекајќи го возот за Европа

Има ли капацитет Македонија да се справи со зголемениот наплив на мигранти. Што треба да се направи за државата да не биде изненадена од мигрантската криза?

Проблемот со мигрантите сè повеќе се комплицира во Македонија зaшто секој ден доаѓаат сè повеќе бегалци од Сирија.

„Се зголеми бројот на околу 1.500 до 2.000 дневно во Гевгелија. Вчера за прв пат дојде специјален тим од полицијата за справување со гужви. Им се даде предност на жените, на децата и на семејствата во возот. Не дозволија пренатрупаност во возот. И вчера на дождот многу преноќија надвор“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација Легис.

Како и да е, светскиот проблем со мигрантите од Сирија ја крена на нозе и Македонија која треба што поскоро да се консолидира со останатите европски земји и да изнајде сопствен модел за справување со кризата која го потресе и регионот. Ова прашање стана тема на дискусија особено по изјавата на министерот за надворешни работи на претседавачот со ЕУ Луксембург, Жан Аселборн, кој во интервју за Радио Слободна Европа е категоричен дека земјите на ЕУ до крајот на декември, кога истекува претседавањето на Луксембург со ЕУ, ќе примат 60 илјади мигранти. Што се однесува до итни мерки, луксембуршкото претседателство постигна договор на 20 јули на вонредниот самит на министрите за правда и внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ кој предвидува 52 илјади мигранти да бидат преселени или преместени во земјите-членки на ЕУ. Ќе ги продолжиме тие дискусии до крајот на нашето претседателство за да ја постигне целта од 60 илјади мигранти. Сите заеднички средства за акција треба да се стават на место против трговијата со луѓе и криумчарењето, нагласи Аселборн.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Турканици на мигрантите во Гевгелија

За разлика од земјите на ЕУ Македонија како сè уште да нема конечно решение со кое ќе истапи пред новите бранови мигранти кои се очекуваат и во наредниот период да бидат со поголема бројност. Со новата стратегија на европските земји се отвора поголем проблем за регионот и тоа имплицира потреба од брзо изнаоѓање решенија, а не да се оставаат работите.Портпаролот на МВР Иво Котески изјави дека Македонија не би требало изолирано да го решава проблемот и дополнува дека проблемот подразбира не само хуманитарни прашања, туку и безбедносни ризици по земјата.

Се зголеми бројот на околу 1.500 до 2.000 дневно во Гевгелија. Вчера за прв пат дојде специјален тим од полицијата за справување со гужви.
Мерсиха Смаиловиќ, Легис.

„Република Македонија ќе продолжи да ја следи ситуацијата, да прави соодветни анализи и превентивно да се подготвува за сите можни сценарија, но веруваме и очекуваме дека меѓународната заедница ќе се заложи за глобално решавање на проблемот“, вели Котевски.

И дел од експертите со анализа дека вистинскиот одговор треба да го дадат поголемите земји. Според Бојан Маричиќ, Македонија треба да изгради камп, но главната база треба да биде во околните земји на Сирија кои не се зафатени со војната, по примерот на косовската криза.

„Вака како што е сега, не сме подготвени. Тука треба да биде изграден и во Србија и во Македонија и во сите оние држави кои се транзитни некаков камп и секако тука треба да има политички план од страна на ЕУ долгорочно што ќе се прави со нив“, вели Маричиќ.