Во Египет усвоен антитерористички закон

Абдел Фатах ал Сиси

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го одобри антитерористичкиот закон за кој критичарите оценуваат дека претставува закана за слободата на говорот. Со законот, меѓу другото, се предвидуваат високи парични казни и можно бркање од работа за ширење информации кои се контрадикторни од верзијата на властите за некој воен напад. Законот предвидува и формирање специјални судови. Претседателот Сиси вети построги закони откако во јули годинава во напад со автомобил бомба бил убиен главниот обвинител на Египет.