Меркел: мигрантите поголем предизвик од грчката криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека прашањето со мигрантите во Европската унија ќе претставува поголема грижа од стабилноста на еврото и финансиската ситуација во Грција. „Прашањето со азилот би можело да биде идниот голем европски проект во кој ќе покажеме дали навистина сме способни да преземеме заедничка акција“, изјави Меркел за германската телевизија. Германија е преплавена со азиланти и, според некои проценки, годинава се очекуваат околу 600 илјади барања за азил. Меркел ги осуди зачестените напади врз прифатните центри за мигранти во Германија.