Забележани остатоци од индонезискиот авион

Индонезиските спасувачки екипи забележале, како што соопштија, остатоци од авионот со 54 патници и членови на екипажот кој исчезнал во регионот Папуа. Индонезиската авиокомпанија „Тригана“ претходно соопшти дека авионот летал од главниот град на провинцијата Папуа, Џајпура кон градот Оксибил кога бил загубен контактот со контролата за летање. Летот траел 42 минути, а контактот бил загубен неколку минути пред слетувањето. Во околината на Оксибил во тоа време имало голема магла и силни врнежи.