Продолжува работата на договорот од Пржино

По пауза од две недели тимови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА од денеска повторно ќе работат на спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Не дневен ред ќе бидат пречистувањето на избирачкиот список, предлогот за активната регистрација, како и гласањето на дијаспората. Ќе се разгледуваат и изборот на специјалниот јавен обвинител, надлежностите и структурата на ДИК и специјалниот обвинител и низа други прашања предвидени во договорот. Според договореното, до 15 септември треба да бидат утврдени законската рамка и името на човекот кој ќе ја извршува функција специјален обвинител за да може да биде избран во македонскиот парламент.