Сириски бегалци се качуваат на бродот на грчкиот остров Кос

Стотина сириски бегалци утрово на грчкиот остров Кос почнаа да се качуваат на патничкиот брод „Елефтериос Венизелос“, што властите го одредија за нивно сместување, во обид да ги ублажат често хаотичните услови на копно.

Грчките власти за повеќе од еден ден го одложија качувањето на бегалците на бродот укотвен во пристаништето на Кос, работејќи за тоа време на планот да ги избегнат нередите меѓу се поочајните бегалци, кои пристигнаа на гумени и мали дрвени чамци од Турција.

На бродот, кој го изнајми грчката влада, ќе биде обезбедено сместување за околу 2.500 Сиријци, кои ќе бидат распоредени во кабини, додека една поголема просторија е резервирана за процесуирање документација.