Дачиќ - УНЕСКО да не ја отвора Пандорината кутија

Првиот потпретседател на Владата на Србија и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека за УНЕСКО би „било подобро да не ја отвора Пандорината кутија“ со евентуалниот прием на Косово во свое членство, јави Танјуг.

„Ако помине Косово, следни ќе бидат некои други региони кои не се признаени од ОН. Затоа е подобро за УНЕСКО да не ја отвора Пандорината кутија“, вели Дачиќ во интервју за „Политика“.

Седницата на извршниот совет на УНЕСКО е во октомври, а седницата на Генералната конференција на УНЕСКО, која носи конечна одлука, е во ноември.

„Косово ниту формално, ниту суштински не ги исполнува условите да стане полноправна членка на УНЕСКО, рече Дачиќ, истакнувајќи оти „оваа ситуација е еден преседан и поради тоа е многу компликувана.“