Судири во источна Турција

Еден турски војник и тројца курдски борци се убиени во судирите во источна Турција. Турските власти соопштија дека судирите избиле денеска во рурална област во провинцијата Карс меѓу турските сили и борците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Во судирите е повредени еден војник. Речиси секојдневно има судири меѓу борците на ПКК и турските сили откако владата започна воздушни напади врз бунтовнички кампови во северен Ирак на 25 јули, со што заврши двегодишниот прекин на огнот. Вчера се навршија 31 година од курдскиот конфликт во кој загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.