Исчезна индонезиски патнички авион

Индонезиски патнички авион со 54 патници исчезнал во Папуа во подалечниот источен регион од земјата. Индонезиски официјални лица велат дека изгубиле контакт со авионот набргу по полетувањето од главниот град на Папуа. Воздухопловните власти соопштија дека во авионот имало 44 возрасни патници, пет деца и бебиња, и пет членови на екипажот.