Претседателот Иванов се сретна со делегација на Специјалната олимпијада

Претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со делегацијата на Специјалната олимпијада на Македонија, која учествуваше на Летните олимписки игри што се одржаа од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД. На средбата претседателот Иванов им го честита успехот постигнат на Олимписките игри и им го пренесе своето високо почитување на нивната работа, истакнувајќи дека особено ги поддржува активностите поврзани со лицата со посебни потреби.

Повод за средбата беше извонредниот настап на македонските спортисти на игрите во Лос Анџелес на кои постигнаа одличен успех со освојувањето на две златни, шест сребрени и четири бронзени медали, во неколку спортови - атлетика, пливање, јунифајд, кошарка и пинг-понг, пренесува МИА.