Уапсени 15 членови на ПКК во Истанбул

Турската полиција денеска во Истанбул уапси 15 наводни членови на Курдската работничка партија (ПКК) - Движење на патриотската револуционерна младина. Припадници на единиците за борба против тероризмот извршиле претрес во 23 куќи, главно во квартовите Ќучукчекмеџе и Багџалар. Во акцијата се одземени оружје, муниција и документи.

Денешната полициска акција е дел од антитерористичката операција во Турција. Во акциите кои полицијата ги спроведува од крајот на минатиот месец против ПКК и Исламска држава уапсени се над 1.700 лица.