Најмалку 40 мигранти загинале на Мадитеранот

Најмалку 40 луѓе загинале на брод кој пловел во Средоземното Море, најверојатно од задушување. Италијанската морнарица денеска ја потврди смртта на мигрантите, но не откри други детали. Во мисијата за спасување се спасени многу други луѓе, соопштуваат од Морнарицата. Според извештаите, бродот кој се наоѓал на околу 50 километри од брегот на Либија превезувал околу 400 мигранти. Вчера Европската унија соопшти дека Европа се соочува со најголемата криза на бегалци по Втората светска војна. Повеќе од 101 илјада мигранти пристигнале во Италија со брод од почетокот на годината, а најмалку две илјади загинале, соопштува Меѓународната организација за миграција.