Временска прогноза - сончево, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава и во планинските региони.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 37 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

За време на викендот во попладневните часови ќе има локални поројни врнежи од дожд и појава на грмежи.