Нови жртви во конфликтот во источна Украина

Нови тешки борби меѓу украинските владини сили и проруските бунтовници се забалежани во источна Украина. Украинскиот портпарол на армијата соопшти дека денеска еден војник бил убиен, а шестмина биле повредени во борбите во последните 24 часа. Лидерот на бунтовниците Едвард Bасурин изјави дека еден цивил загинал во бомбардирањето на градот Хорливка во текот на ноќта, кој е контролиран од страна на бунтовниците и се наоѓа на околу 25 километри од Доњецк. Вчера, украинската армија соопшти дека се случила најтешката размена на ракети и гранати од тенкови, по потпишувањето на договорот во Минск во февруари. Извештаите велат дека новите борби се фокусирани на преземање на контрола врз автопатот кој го поврзува градот Мариупол кој го контролираат владините сили и градот Доњецк, кој се наоѓа на северот од земјата. Голем дел од патот е под контрола на владините сили.