Истрелани гранати врз упориштето на Асад во Сирија

Двајца цивили загинале, а десетина други биле ранети во редок напад на сириските бунтовници врз пристанишниот град Латакија кој се смета за упориште на сирискиот претседател Башар ал Асад, јави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Двете гранати за кои се верува дека биле истрелани од исламски бунтовници паднале во центарот на Латакија, град кој остана релативно мирен од избувнувањето на конфликтот во 2011 година.