Турција пред можни предвремени избори

Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека пропаднале преговорите за коалиција со главната опозициска партија и оти со тоа се отвора патот за предвремени избори. „Дојдовме до заклучок дека не постои основа за партнерство“, изјави тој по средбата со лидерот на Републиканската народна партија Кемал Калачдароглу во Анкара. Крајниот рок за формирање нова влада е крајот на идната недела. Давутоглу додаде дека предвремените избори биле и единствената опција за Турција. Од друга страна Калачдароглу оцени дека е погрешен погледот оти единствена алтернатива се предвремените избори. Владејачката Партија на правдата и развојот го загуби мнозинството во парламентот на изборите во јуни годинава. Тоа беше за прв пат од 2002 година.