Продолжуваат преговорите меѓу Авганистан и Талибанците

Кабул денеска испрати висока владина делегација во Пакистан, за да го дискутира акцискиот план, откако Исламабад е домаќин на одржувањето на миротвните разговори со Талибанците кои беа прекинати во јули. Зафар Хашеми - портпаролот на авганистанскиот претседател Ашрав Гани, рече дека делегацијата во Исламабад е предводена од министерот за надворешни работи Салахудин Рабани, а исто така присутни се и шефот на авганистанското разузнавање Рахматула Набил и министерот за одбрана Масун Станекзаи. Според распоредот, тие треба да се сретнат со пакистанскиот премиер Наваз Шариф и со други пакистански официјални лица. За време на еднодневната посета, авганистанскиот претседател Ашрав Гани одржа лут говор, тврдејќи дека Пакистан е вмешан во бранот на талибанските разурнувачки напади во Кабул, во кои десетици луѓе загинаа. Првите директни разговори меѓу авганистанската Влада и Талибанците беа одржани во јули во Пакистан.