Ситуацијата на островот Кос е надвор од контрола

Грчкиот државен министер Алексос Флабурарис изјави дека на островот Кос ќе биде испратен брод со капацитет за 2500 лица, кој ќе биде претворен во прифатен центар за стотиците имигранти, кои секој ден пристигнуваат на островот. Бродот ќе биде вкотвен на главното пристаниште на островот, додаде тој. Полициски извори изјавија дека на островот Кос ќе бидат испратени и дополнителни полициски сили за да помогнат во кризата со имигрантите. Градоначалникот на островот Кос, Јорос Кирицис изјави дека локалните власти, вклучувајќи ја полицијата и крајбрежната стража, се неспособни да справат со приливот на имигранти. „Ситуацијата на островот е надвор од контрола. Има реална опасост од неконтролирани ситуации. Ќе се пролее крв“, истакна Кирицис.