Грчките пратеници дискутираат за финансиската помош

Грчките пратеници денеска го дискутираат критичниот план за финансиска помош на земјата, со цел да гласаат за него пред утрешната средба на министрите за финансии од еврозоната. Денешните дискусии беа на ниво на парламентарни комисии, пред целосната дебата во Парламентот. Нацрт законот за тигодишната финансиска помош од 85 милијарди евра вклучува кратења на трошоците и зголемувањаа на даноците, за кои премиерот Алекцис Ципрас рече дека нема друга опција освен да ги имплементира. Левичарската партија Сириза на Ципрас, во Јануари победи на изборите поради ветувањата дека ќе ги укине мерките за штедење кои беа наметнат во замена за финансиската помош.