ИД одговорна за нападот во Багдад

Милитантите на групата на Исламската држава презедоа одговорност за нападот со комионот кој експлодираше денеска, на преполн пазар во Багдад при што загинаа најмалку 62 луѓе. Експлозивот во камионот бил активиран во пазарот Јамела во Багдад, во доминантно шиитска населба. Полицијата соопшти дека најмалку 120 луѓе се повредени. Милитантите на Исламската држава често извршуваат слични напади доминантно шиитски населби во Багдад.