Турција не планира копнена операција против Курдите

Turkey flag

Турција не планира да преземе копнена операција против Курдите во Сирија, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљур Чавушоглу. „Во моментот не ја разгледуваме опцијата за преземање на копнена операција против сириските Курди од Партијата на демократската унија“, посочи Чавашоглу. Кон крајот на јули турскиот премиер Ахмет Давутоглу истакна дека Анкара ќе ја продолжи борбата против џихадистичката група Исламска држава и проптив борците од Курдска работничка партија (ПКК), како на своја територија, така и надвор од неа.