САД би требало да испратат војници во Ирак

генерал Рејмонд Одиерно

Борбата против милитантите на Исламската држава е во ќорсокак и ако не биде постигнат напредок во наредните неколку месеци би требало да се разгледа можноста американски војници да им се приклучат на ирачките сили. „Ваквата опција би требало да му ја предочиме на претседателот“, изјави американскиот генерал Рејмонд Одиерно кој на 14 овој месец се пензионира како командант на армискиот штаб. За време на последната негова прес конференција во Пентагон тој зборуваше за неговото разочарување како командант кој во последните три мандати во Ирак гледал како таа земја повторно запаѓа во хаос.