Интензивни борби кај Мариупол во Украина

Украинската армија имала интензивни борби со проруските сепаратисти во близина на пристанишниот град Мариупол кој е под контрола на украинската влада. Ова го соопшти претставник на армијата наведувајќи дека во борбите загинал еден војник, додека тројца други биле ранети. Од своја страна, проруските сепаратисти јавија дека во борбите загинал еден цивил. Најновите борби биле фокусирани врз автопатот што Мариупол го поврзува со Доњецк кој е под контрола на бунтовниците. Автопатот главно е во рацете на украинските сили.