Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 31 до 38 степени. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.