Шефот на иранската дипломатија Зариф во Сирија

Мохамад Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф за време на денешните разговори со сириските домаќини во Дамаск би требало да ги финализира деталите околу новиот ирански план за ставање крај на граѓанската војна во Сирија. Иран е еден од најголемите поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад и сака да биде клучен играч во решавањето на кризата во Сирија откако успешно ги заврши нуклеарните преговори со шестте светски сили. Западот и арапските земји се на ставот дека заминувањето на Асад од власт е важно за постигнување решение на конфликтот во кој од неговото избувнување во март 2011 година загинаа над 250 илјади луѓе.