Ердоган: Турција прдолжува со кампањата против ПКК

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоаган деенска соопшти дека Турција ќе ја продолжи кампањата против милитантите на Курдската работничка партија (ПКК), „додека не остане ниту еден вооружен терорист.“ „Треба да ја продолжиме нашата борба додека терористичката организација не престане да биде закана, се додека не остане ниту еден терорист во нашите граници“, рече Ердоган. Тој доаде дека воздушните напади против ПКК кои траат две недели, веќе предизвикале сериозни загуби за групата. Тој рече дека мировниот процес со курдските милитанти момнтално е „во фрижидер.“