Русија воведува нови забрани за увоз на храна

Русија денеска соопшти дека планира да воведе нови земји на нејзината листа на западни држави на кои им е забранет увозот на храна. Рускиот заменик премиер Аркадиј Дворкович рече дака одлуката ќе биде направена наскоро. Тој не ги именуваше земјите кои ќе бидат додадени на листата, која се состои од САД, Канада, Австралија и Европската унија. Новинската агенција Интерфакс објави дека седум земји ќе бидат додадени на листата. Русија ги забрани увозот на храна од Западот како одговор на санкциите на САД и ЕУ во врска со мешањето на Москва во Русија.