Уапсен азербејџанскиот фудбалер поради претепаниот новинар

Новинарот Расим Алијев.

Полицијата во Азербејџан го уапси познатиот фудбалер на фудбалскиот клуб Кабала, Јавид Хусеинов, за случајот поврзан со смртта на претепаниот новинар Расим Алијев. Од канцеларијата на Јавниот обвинител на Азербејџан денеска беше соопштено дека Хусеинов се соочува со обвиненија за непријавување на кривично дело во фаза на планирање и може да се соочи сопетгодишна казана доколку биде прогласен за виновен. Пет други осомничени се уапсени, се вели во соопштението. 30-годишниот новинар Расим Алијев на 9 август почина во болница во Баку, откако претходниот ден беше претепан. Тој во болницата рекол дека бил нападнат од поддржувачи на Хусеинов во врска со критиките за фудбелаерот што новинарот ги напишал на неговиот профил на Фејсбук. Фудбалскиот клуб Кабала вчера соопшти дека Хусеинов е суспендиран додека не биде завршена истрагата.хусеинов негираше било каква вмешаност во нападот.