ЕУ: Баку транспарентно да спроведе истрага за смртта Алијев

Новинарот Расим Алијев.

Европската унија и неколку групи за човекови права ги повикаа властите во Азербејџан да спроведат целосна и транспарентна истрага за смртта на новинарот Расим Алијев. 30-годишниот новинар Алијев вчера почина во болнивца откако претходниот ден беше претепан од како што тој рекол, група поддржувачи на фудбалерот на фудбалскиот клуб Кабала, Јавид Хусеинов. Алијев во болница рекол дека нападот бил поврзан со неговите критиики за Хусеинов што ги направил на неговата страница на Фејсбук. Полицијата уапси неколку осомничени, вклучително и братучедот на Хусеинов, Елшан Исмаилов. Дванаесет организации за човекови права го поддржаа повикот за транспарентна истрага.