Турција ги интензивираше нападите против ПКК

Турски воени авиони бомбардираа позиции на курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција, еден ден по жестоките судири во земјата во кои загинаа најмалку девет лица.Турската војска денеска соопшти дека нејзини авиони во текот на ноќта бомбардирале 17 позиции на Курдската работничка партија (ПКК) околу планината Бузул и во областа Икијака во провинцијата Хакќари, која се граничи со Ирак и Иран. Припадниците на ПКК утрово отвориле оган врз базата Акдизин во провинцијата Сирнак, при што е убиен еден војник. ПКК во изминатите недели ги зајакна нападите против турските безбедносни сили, додека турски авиони бомбардираат нејзини позиции во северниот дел на Ирак, како и цели на групата Исламска држава во Сирија.