Продолжи судењето на новинарката Исмаилова

Судењето на новинарката Хадиџа Исмаилова од Азербејџан денеска продолжи во Баку, со сведочење на човекот за кој властите велат дека Исмаилова го принудувала да изврши самоубиство. Исмаилова, коа е соработник на Радио Слободна Европа од Азербејџан, беше уапсена во декември 2014 година, поради обвинение дека фо поттикнувала поранешениот колега Турал Мустафајев да изврши самоубиство. Обвинителите подоцна ја обвинија и за проневера, даночно затајаување и злоупотреба на функцијата. Мустафајев денска рече дека во минатото преживеал нервен слом попради проблеми со неговата вереница и дека Исмаилова нема никаква врска со неговиот обид за самоубиство. На 24 јули, Мустафајев на прелиминарното сослушување рече дека ја „клеветел“ Исмаилова под притисок на државните агенции, но предлогот на одбраната да ги отфрли обвиненијата, бил отфрлен. 39-годишната Исмаилова опширно известуваше за финансиското работење на претседателот Илхам Алијев.