За два месеци издадени над 30 илјади потврди на мигранти

Во последните три дена од страна на полицијата се издадени потврди на вкупно 2.568 странски државјани. Од нив 1.623 се од машки, а 363 се од женски пол. 537 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најбројни се државјаните на Сирија 2.247, а потоа следуваат Ирак-154, Палестина-47, Пакистан-37, Авганистан-25, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава издадени се потврди на вкупно 30.865 странски државјани, од кои 4.717 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 328 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 23.952, потоа Авганистан 1989, Ирак 1627, Пакистан 1005, Сомалија 541, Палестина 482, Конго 294, Камерун 134, Еритреја 131, Нигерија 109, Етиопија 108, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се вели во сооопштението на Министерството за внатрешни работи.