Пукано врз автобус на Херта од Берлин

Непознато лице пукало врз автобус на фудбалскиот клуб Херта од Берлин, пред натпреварот во Купот на Германија во Билефилд. Фудбалерите не биле во автобусот и во инцидентот никој не бил повреден. Генералниот менаџер на Херта Михаел Приц изјави дека еден мотоциклист му се заканувал на шоферот по што извадил пиштол и пукал во предното стакло на автобусот. „Не знаме каков бил мотивот“, изјави Приц. Херта денеска ќе игра против Арминија во Купот на Германија