11 загинати во стампедо во Индија

Во стампедо за време на еден верски фестивал во источниот дел на Индија денеска загинале најмалку 11 луѓе. Полицијата соопшти дека илјадници луѓе се обиделе да влезат во светилиштето при што дошло до стампедо во кое освен загинатите имало и десетици други повредени.