Грчките кредитори се усогласија околу помошта за Атина

Грчките кредитори - Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ) - усогласија заеднички став околку меморандумот за новиот пакет помош за Грција и се надеваат дека во следните неколку дена ќе го финализираат договорот со Атина, јави ДПА повикувајќи се на дипломатски извори.

Во Брисел во тек се преговори меѓу Грција и кредиторите за нов, трет по ред, пакет-помош за Атина и двете страни се надеваат дека ќе постигнат договор пред 20 август, кога доспева рата од кредитот во износ од 3,4 милиони, што грчката Влада треба да и ја исплати на Европската централна банка (ЕЦБ).

Ако на овие преговори биде постигнат договор, тој ќе треба да биде одобрен од министрите за финансии на земјите на еврозната, од грчкиот Парламент и од парламентите на неколку членки на Европската монетарна унија.