Груевски:Специјален јавен обвинител ќе се избере до 15 септември

Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали политичките парти ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во договорот од Пржино.

Во изјавата дадена по посетата на Технолошко-индустриската развојна зона Охрид -Струга,прашан дали ВМРО – ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии на партијата се Уставот, законите и вољата на граѓаните.