Во Тетово се уште се трага по телото на девојчето

Пет дена по невремето во Тетово, се уште се трага по телото на шестодишната Дрита Амети од Шипковица. Таа е едно од трите деца кои загинаа во невремето кое го зафати овој регион. Во поплавите загинаа пет лица,повеќе од 20 се повредени и предизвикана е голема материјална штета.

Продолжува и расчистувањето и санирањето на теренот со механизација, а се подготвува нова локација за депонирање отпад кај село Доброште.

Според дирекцијата за заштита и спасување, интензивно се работи во село Порој, каде се претпоставува дека има големи количини нанос.