Од хотелот во Мали ослободени четворица заложници

Четворица заложници кои беа киднапирани од исламските екстремисти се ослободени од хотелот Библос во централниот дел на Мали,а во судирите загинале вкупно 12 лица.

Операцијата за спасување на заложниците заврши изутрината,а во хотелот Библос се најдени четири тела меѓу кои тројца работници во хотелот и еден екстремист,соопштија официјални лица.Претходно беше соопштено дека во судирите со џихадистите се убиени пет војници,двајца екстремисти и еден припадник на мировните мисии на ОН. Цел на нападот бил хотелот кој често го посетуваат странци и припадници на мировните мисии на ОН.