Милитантите на ИД егзекутирале 2.070 Ирачани

Милитантите од Исламска држава егзекутирале 2.070 луѓе во и околу Мосул, откако го зазедоа во јуни минатата година, соопштија официјални претставници. Министерот за одбрана Калед ал-Обеиди во видео објавено на интернет страницата на Министерството изјави дека луѓето биле убиени бидејќи не сакале да сораборуваат со ИД,а Претседателот на Собранието Салим ал Џабоури изјави дека масовните егзекуции претставуваат геноцид.Имињата на 2.070 луѓе беа прикажани на листа составена од милитантната група, од кои дел се прикажани на ѕидот на локалниот огранок на Министерството за здравство.Оние кои се наведени во листата се полицајци, поранешни армиски офицери, локалните функционери, адвокати, новинари, лекари, и активисти за права. Имињата покажуваат дека и многу жени, исто така, биле погубени. Извор во Министерството за здравство вели дека луѓето чии имиња се наведени биле обвинети од ИД за промовирање на идеи кои го искривуваат исламот.