Најмалку 15 загинати во експлозија во Авганистан

Илустрација.

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 15 луѓе се загинати и околу 240 се повредени, во силна експлозија којашто потресе станбена населба во Кабул. Портпаролот на претседателот Ашраф Гани, Сајед Зафар Хашеми изјави дека 47 жени и 30 деца се меѓу повредените. Тој рече дека е назначена делегација да го истражува случајот. Полицијата соопшти дека камиот полн со експлозив бил активиран во населбата Сијан Санг, во близина на комплексот на Министерството за одбрана, а спасувачките екипи трагаат дали има затрупани под урнатините. Се уште нема потврди за одговорност за нападите. Нападот доаѓа по извештајот на Обединетите Нации во кој се вели дека расте бројот на жени и деца повредени или убиени во тековниот конфликт во Авганистан.