„Работнички“ во плејофот за Лигата на Европа

Фудбалскиот клуб „Работнички“ продолжува во квалификациите за Лига Европа откако вечерва по продолженија успеа да го елиминира турскиот тим „Трабзон“. Мечот заврши со резултат 1:1 после 120 минути игра, а во регуларниот тек „Трабзон“ водеше со 1:0, резултат со кој загубија во Скопје. Првото полувреме заврши со резултат 0:0. Ова е втор пат „Работнички“ да стигне до плеј-офот во Лигата на Европа. Во 2011 година, за влез во групите испадна од „Лацио“.