Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и на југот од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 30 до 37 степени. Во Скопје слично време: сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 18, а дневната ќе се искачи до 37 степени.