ЕУ да посредува за мир меѓу Турција и ПКК

Лидерот на курдската Демократска партија на народите (ХДП), Салахатин Демирташ изјави дека Европската унија треба да помогне за возобновување на мировните преговоир меѓу Турција и Курдската работничка партија (ПКК) и евентулано би можела да стане набљудувач на преговорачкиот процес. „ЕУ треба да испрати јасна порака дека ПКК и Турција треба повторно да почнат да преговараат... и дека може да биде трета страна како набљудувач на тие разговори, смета Демирташ, чија партија е четврта политичка сила во турското Собрание. Анкара досега ги отфрлаше сите предлози за вклучување на „трета страна“ во преговорите, нагласувајќи дека тие се внатрешна работа на Турција. Мировниот процес меѓу Турција и ПКК, што започна кон крајот на 2012 година, пропадна минатиот месец, откако веќе неколку месец беше во ќорсокак. Со пропаѓањето на мировните преговори, ПКК објави крај на примирјето прогласено на почетоток на 2013 година.