Заврши модернизацијата на Суецкиот канал

Бродови почнаа да поминуваат низ новато проширување на Суецкиот канал, кој ги поврзува Средоземното Море со Црвеното Море. Морскиот сообраќај денеска почна да се движи низ проширениот канал, откако египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси потпиша документ со кој се дозволува бродовите да поминуваат низ новоизградената инфраструктура. Францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот премиер Дмитриј Медведев присуствуваа на церемонијата со Сиси. Проширувањето кое чинеше 8,2 милијарди долари овозможува двонасочен сообраќај низ должината на трасата, а исто така овозможува и движење на поголеми бродови.