17 загинати во експлозија во Саудиска Арабија

Илустрација.

Бомбаш самоубиец убил најмалку 17 лица во југозападниот дел на Саудиска Арабија, таргетирајќи џамија која ја користела полицијата. Во нападот во провинцијата Асер исто така многу лица се повредени, а експлозијата се случила додека верници се молеле во џамијата. Други детали не се достапни.