Таткото на Ходорковски сослушан во Москва

Борис Ходорковски. (лево)

Таткото на рускиот тајкун Михаил Ходорковски бил испрашуван во Истражниот омитет Москва. 82-годишниот Борис Ходорковски денеска со својот адвокат пристигна во Комитетот. Тој на новинарите им рече дека не знае зошто е повикан на сослушување. Истражниот комитет во јуни соопшти дека повторно ќе ја отвори истрагата за убиството на градоначалникот на Нефтејуганск, Владимир Петухов, откако биле пронајдени нови докази кои сугерираат дека Михаи Ходорковски, кој беше поранешен директор на сега распуштената нафтена компанија „Јукос“, е можно да го наредил убиството и за бројни други сериозни криминали. Главните имоти на „Јукос“ беа лоцирани во Нефтејуганск во време на убиството на Петухов. Вчера, Михаил Ходорковски изјави дека главната цел на Истражниот комитет е да врши притисок врз него и врз неговото семејство. Тој беше најбогатиот човек во Русија во 2004 година, пред да биде осуден на затворска казна во 2005 година за обвиненија за измама, за кои се вели дека се политички мотивирани.