Антитерористичка акција во неколку градови во Македонија

Македонската полиција изутрината вршела претреси и апсења во повеќе градови во земјава. Во Скопје, Струга и Куманово биле уапсени неколку лица, но во тек биле претреси во објекти во Гостивар и други локации. Полициската акција, како што јавуваат дел од македонските медиуми, била насочена против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата акција.