Пронајдено телото на исчезнатиот во поплавата во тетовско

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавата што во понеделникот го зафати тетовскиот регион, потврди синоќа тетовската полиција. Членови на неговото семејство изјавиле дека тој непосредно пред невремето заминал да ги пасе овците над Голема Речица. Со тоа бројот на загинати во невремето во тетовско изнесува пет. Се уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.